Масите за растегнување се дизајнирани и произведени со цел да ги олеснат операциите за растегнување на материјал.
Стандардни маси за постилање на материјал
Специјалните маси на Kuris се развиени во согласност со најсовремените критериуми. Водоотпорната MDF-дрвена плоча нуди поволни карактеристики во однос на влажноста на воздухот. Секоја маса е опремена со стабилни профили и алуминиумски носечки шини со вграден назабен каиш. Зглобовите можат да се прицврстат со завртки – се базираат врз модуларни принципи за дизајн. Односно, масите можат да се издолжуваат по потреба. Секој сегмент има дупки за електрично напојување/енергетски синџир. Педалата за прилагодување на висината на масата и душеците за изолирање на шок овозможуваат лесно и подеднакво прилагодување на масата.
Воздушна линија (маса)
Воздушните маси на KURIS се опремени со високо квалитетни прстенести млазници низ кои воздухот може да излегува под оптимален агол. Протокот на воздухот е распореден низ масата на најдобар можен начин. Ова му овозможува на текстилот да не се гужва и го олеснува пренесувањето на текстилот врз плочата од масата на ефикасен и нежен начин без многу напор. Основата е стандардната маса на Kuris.
Маса за постилање со подвижна трака
Масата запостилање со подвижна лента на KURIS е опремена со PVC-појас, кој што целосно автоматизирано го потпомогнува процесот на растегнување и сечење на материјалите. Дополнително покрај автоматската, достапна е и мануелна операција.
Со транспортирање на материјалите на лентата, се оптимизираат чекорите во производството и се кондензира целосниот процес. Масата исто така е достапна и со појас за поврзување.
Технички податоци
- Должини на маса: минимум 2,00 m (подвижна лента: мин. 4,00 m, макс. 8,00 m);
- Ширини на маса: 1,10 – 1,25 – 1,40 – 1,85 – 2,00 – 2,30 – 2,45 m;
- Прилагодлива висина: 0,85 – 0,90 m;
- Растојание до нозете: 1,00 m во лонгитудинална насока;
- Рамка: обложена со пластика RAL 7035 светло сива;
- Сегменти на плоча: макс. должина 2,00 m;
- Материјал на плоча: MDF дрвена пложа, водоотпорна.
КАТАЛОГ
Превземи