KURIS PATTERN DESIGNER

Category:

Ги трансфромира вашите идеи во модели, совршени и контролирани. Реверзибилно преклопување и означување, можност за создавање шев, промена на големина, димензија и идентификација на рез се функциите кои овозможуваат брз и перфектен дизајн на шаблони. Вашите основни Gerber, Lectra и Assyst датотеки ќе бидат автоматски конвертирани и подготвени за употреба.

Општи карактеристики  – Pattern Designer

  • Брзо и прецизно дизајнирање на модели со користење на основни алатки за дизајнирање и напредни геометриски процедури;
  • Напреден дизајн на модели и уредување со симулација на означување и преклопување;
  • Автоматско и рачно оценување на шаблони;
  • Верификација на шаблони, мерна скала, сензор во реално време;
  • Дигитализација на шаблони, поддршка за брз пристап до функции за дигитализација, гласовна потврда;
  • Уредувач за техничка документација;
  • Импортирање и експортирање од/во интернационално стандардизирани формати.

Кога ги дизајнирате вашите продукти или колекции, Pattern Designer софтверот на Kuris е околината во која идеите на дизајнерот лесно се трансформираат во совршено изградени и проверени проекти за шаблони. Опремен со уникатни функции за дизајн како реверзибилно преклопување и обележување, автоматско и интерактивно креирање на шев, автоматска транслација на рез, и сензор за сите димензии, Kuris ви овозможува брз и совршен дизајн на шаблони.
Автоматските и интерактивните функции за оценување овозможуваат податоците за претходни дизајни да бидат зачувани и лесно да се применат врз нови производи. Kuris Pattern Designer-от се базира на Bezier криви, но може да се справи и со комплексни искршени линии или B-Spline криви. Интерфејсот KPD имплементира многу различен пристап во споредба со други CAD апликации, бидејќи е направен со цел да биде екстремно лесен за користење, во согласност со најновите софтверски стандарди. KPD по стандард доаѓа со вграден конвертер за Gerber, Assyst и Lectra датотеки и исто така за импортирање и експортирање на DXF-AAMA стандард.