КОМПАНИЈА

Компанијата започна со работа во 2006 година со снабдување на CAD и CAM системи за оптимизирање на продуктивноста, и со снабдување на системи за сечење (како дилер на Kuris). Со текот на времето, компанијата се етаблираше меѓу италијанските лидери во пакување за автомобилската индустрија, индустријата за облека, мебел, текстил, играчки и многу други индустрии. Низ годините, кога економската криза зафати голем број на сектори, Ди-Ки Ком го гледаше пазарот повеќе како поттик отколку закана. Иако имаше негативен тренд, нашата компанија оствари прогресивен раст кој и овозможи на Ди-Ки Ком  да стане лидер во горенаведените сектори.

Во последните неколку години пазарот не стави во ситуација „земи или остави“ која што за ДИ-КИ Ком значеше да се направи избор: да стане компанија која обезбедува решенија и решава проблеми на таков начин што може брзо да одговори на различните барања, или да се откаже. Ова не натера да го промениме нашиот начин на размислување: претходно почнавме од гледна точка на снабдувањето и над ова размислување ја креиравме нашата понуда; денес започнуваме од ефективната побарувачка и очекуваните резултати од страна на клиентите и низ мапирањето на производствениот процес го разгледуваме најдобро „скроеното“ решение. Денес сме помалку насочени како добавувачи а повеќе како консултанти.

ЗОШТО ДИ-КИ КОМ

Ди-Ки Ком ДООЕЛ Кичево со представништво и канцеларии во Прилеп, компанијата е основана во 2006 година.
Главната и примарна дејност на компанијата е софтверска и информатичка технологија и инжинеринг. Компанијата нуди развој на софтвер, софтверски услуги и софтверски решенија од областа на ИТ програмирањето.
Покрај главната и примарна дејност компанијата има долгогодишно искуство за менаџирање и продажба на машините КУРИШ, втор светски бренд во областа на роботизирани машини за прецизно сечење и кроење на текстил на територијата на Република Македонија.
Во нашата понуда можете да најдете се за потребите на вашата кројница-од рачни,мануелни машини па се до роботизирани и комплетно автоматски машини.
Покрај продажбата нудиме техничка поддршка со овластени сервисери кои својата обуката ја усовршија во Италија,како и резервни делови за нашите и останатите машини кои постојат на пазарот.
Секогаш достапни и на располагање на нашите клиенти се трудиме да оствариме долгогодишна соработка базирана на доверба и заеднички интерес.

ЗОШТО KURIS

KURIS моментално нуди една од најсеопфатните производни програми во областа на технологијата за растегнување и сечење на материјали, со повеќе од 10,000 инсталации низ целиот свет. Решенијата доаѓаат од единствен извор и се карактеризираат со висок инженерски квалитет и модерна технологија за контролирање. Програмата со широк опсег овозможува индивидуални одговори кои во целост и систематски ги земаат предвид организациските предуслови и локалната состојба на клиентот.

ДОВЕРЛИВОСТ

Квалитет, создаден од искуството и креиран со текот на времето. Соработката со ДИ-КИ Ком значи да се имаат сите компетитивни предности на лидер во технологијата за сечење започната уште во 1912 година. Знаење и искуство коа гарантира поголема продуктивност, флексибилност за секаков материјал, не е потребен договор за услуга по продажбата; брзина и компетентност за креирање решенија за производни линии „изработени по мерка“. Да се работи со ДИ-КИ Ком значи да се направи спокојството Ваш најдобар бизнис. Денес ДИ-КИ Ком го нуди своето знање и искуство на пазарот, поддржувајќи германски производ со долга историја и најиновативна технологија.

KURIS ПРОИЗВОДИ

Нашата компанија е единствен и авторизиран дилер на Kuris GmbH производи за Македонија, која работи во полето за технологии за сечење за повеќе материјали како: текстил, технички материјали и кожа. За време на соработката со Kuris, нашата бизнис врска силно зајакна со текот на времето благодарение на стекнувањето на нови клиенти и сектори: од индустријата за облека и мебел па се до автомобилската индустрија и индустријата за играчки, како и многу други.