Сечење
Можете да ја одберете опцијата операциите со кожа и сечењето да се извршуваат во редослед или опцијата да се организираат однапред скенирањето и вгнездувањето и тогаш да работите надвор од редоследот. Сето ова Ви овозможува голема флексибилност, штедење на материјали од кожа и оптимизација на работното време. Како резултат на тоа, продуктивноста се зголемува и потрошувачката на кожни материјали се намалува.
Корисникот, всушност, потребно е само да ги внесе главните податоци во електронска податочна страница, каде треба да се внесат главните мерки на телото – гради, половина, колкови и сл. Потоа истите овие податоци треба да се внесат во CAD програмата за облека. CAD програмата ги применува горенаведените мерки врз избраната големина од страна на клиентот и ја модифицира структурата, така што кога ќе се сошие облеката, совршено ќе одговара на човекот од кого се земени мерките.