ALGOTEX XAAR WIND & WAVE JET ПЛОТЕР

Category:

WIND JET и WAVE JET се врвни модели на Индустриската Линија и се изработени за софистицирани клиенти со големи потреби за производство. Плотерите се опремени со двојна задна цевка чија цел е зачувување на време на операторот и подобрување на продуктивноста. Можат да се користат за сите типови на хартија, вклучувајќи нормална, рециклирана и термо-леплива хартија.

 

СПЕЦИФИКАЦИИ
Благодарение на xaar главите за печатење (опции со две или четири глави), WIND JET и WAVE JET нудат брзо, тивко печатење без разлика на дебелината на линиите, обликот или димензиите на илустрациите, или бројот на елементи од кои се состои дизајнот. Компатибилни се со најновите Windows системи.
– Брзина на печатење WIND JET: 110 m2/ h
– Брзина на печатење WAVE JET: 210 m2/ h
– Ширина на печатење: 180, 220 и 238 cm
– Постојано печатење без потреба од присуство на управувач со машината, погоден и за работа во текот на ноќта
– лесен за користење, потребно е само да се вклучи
– Намотување на хартија на суперлесна алуминиумска цевка со олеснето извлекување на слободната хартија
– Придвижување на слободната хартија со познатиот патентиран систем на Algotex, со гаранција за максимална продуктивност и квалитет на димензиите
– Поддржува хартиени ролни до 40 kg, со едноставен систем за извлекување нанапред и само-заклучувачки конуси
– Електронски систем за мониторирање и предупредување за недостаток на хартија
– Автоматско прекинување на печатењето во случај на заглавување на хартија
– Можност за обработка на сите типови на хартија, вклучувајќи нормална, рециклирана и термо-леплива хартија
– Систем за затегнување на хартија со вграден мотор, патентиран од страна на Algotex
– Константна брзина на печатење без разлика на дебелината на линиите, формата или димензиите на илустрациите, или бројот на елементи од кои се состои дизајнот
–  Индустриски inkjet глави за печатење со резервоари
–  Електронска контрола на нивото на боја
– Двојна графичка резолуција за разликување на квалитетот на линиите;
– Дебелината на линиите ја регулира управувачот со машината
– USB-2 хардверска порта за поврзување, можност за поврзување со сите CAD системи кои се присутни на пазарот (HPGL, HPGL2, ISO, DXF).
– Само-инсталирачки софтверски драјвер, запишување на хронологијата на печатењето

 

ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ

  • Димензии: WINDJET 18/20/24 (288/318/359x68x117cm); WAVEJET 18/20/24 (288/318/359x68x117cm)
  • Тежина: WINDJET 18/20/24 (250/270/290kg); WAVEJET 18/20/24 (250/270/290kg)
  • Намалена бучава, во согласност со регулаторната класификација;
  • Тип на хартија: 20-80 g/m2
  • 100-230V;
  • 100 Watt;
  • 50/60 Hz;
  • Работна температура: 10° – 40° C.

 

Превземи брошура