Софтвер на Kuris за оптимизација на автоматско вгнездување на текстил со линии и ленти, преклопена ткаенина или завиткана во ролна.
Целосно компатибилен со програмите за вгнездување на Gerber, Lectra, Assyst.
Општи карактеристики – AutoMarker
- Целосно автоматизиран, високо-ефикасна оптимизација на означување;
- Специјални карактеристики за маркери за текстил со линии и ленти, преклопена ткаенина или завиткана во ролна, еластични материјали;
- Оптимизација преку ноќ на меркери за поголемиот дел од работата;
- Целосно компатибилен со маркери на Gerber, Lectra и Assyst;
- Компатибилен со сите типови на плотери и автоматски секачи на Gerber, Lectra, Assyst и други.
Kuris AutoMarker-от е напредно решение за автоматско вгнездување во индустријата за облека, развиен од страна на Kuris, но достапен и за корисници кои работат со други CAD продукти (директен конвертер од Lectra, Assyst, Gerber и сите апликации компатибилни со стандардниот DXF – AAMA формат).
Kuris AutoMarker-от се базира на најсовремена технологија и алгоритми кои овозможуваат одлични резултати за вгнездување во рекордно брзо време. Може да извршува целосно автоматско вгнездување за еден маркер или да работи континуирано за повеќе маркери, без потреба од дополнителна човечка интервенција. Просечното време кое е потребно за маркер од 8 m е околу 3-5 минути. Просечните резултати во однос на брзина и ефикасност се значително подобри од рачното вгнездување.
Kuris AutoMarker-от може да изведува целосно автоматско вгнездување на едноставна, преклопена ткаенина или ткаенина завиткана во ролна, со или без квадратчина, ленти или текстил со специфични ширини и еластични карактеристики.
Kuris AutoMarker-от може да ги даде на излез од програмата резултатите од вгнездувањето во неговиот сопствен формат на датотеки: *.pt или *.mrk, но дополнително може да ги експортира резултатите во сите често користени индустриски стандарди: DFX-AAMA, HPGL-PLT, ISO-CUT и RS274D. По автоматското вгнездување, маркерите можат директно да се исцртаат со плотер или да се испратат до автоматски секач.