Сечење на кожа: „all inclusive“ концепт – нема повеќе опционални карактеристики, нема повеќе допилнителни плаќања.
Ги решаваме сите проблеми на процесот на сечење на кожа, нудиме исплатлив систем за сечење, комплементиран од најдобриот софтвер и автоматска технологија.
Концептот „all inclusive“– нема повеќе опционални карактеристики, нема повеќе дополнителни плаќања
Пред да навлезат во пазарот за сечење на кожа, Kuris веќе имаа стекнато вредно искуство на турскиот пазар со продавање на CAD системи за текстил. Нашиот успех на овој пазар се базира над едноставната и искрена стратегија за продажба: секоја корисна карактеристика на системот мора да биде вклучена како стандард. Нема дополнителни плаќања за повеќе опции. „All inclusive“. Без разлика на тоа каков секач ќе купите, го добивате целосниот софтверски пакет со сите вклучени карактеристики, без дополнителни трошоци. “Аll inclusive” технолошкиот пакет дека дури и за најевтините системи за сечење клиентите ќе имаат бенефит од сите најнапредни технологии како автоматско дигитализирање на кожа и автоматско вгнездување, системи за означување на бар-код, печатени извештаи, системи за видео-проекција и слично.
Сечењето на кожа со користење на автоматскиот систем на Kuris е многу едноставен процес ЧЕКОР по ЧЕКОР:
- План за производство
Импортирање и конверзија на стилови и шаблони, управување со квалитет на производство, поделба на работата на една или повеќе станици за сечење.
- Скенирање на кожа
Автоматска детекција на контури на кожа, декларирање на зона на квалитет на 5 нивоа со користење на видео-проекција, печатење на бар-кодови, извештај за набавка на кожа.
- Автоматско вгнездување
Автоматско и интерактивно вгнездување директно на кожа, автоматско препознавање на зона на квалитет, бежична тастатура и глувче кои се лесни за користење.
- Сечење
Автоматско сечење и означување со користење на најразлични алатки: осцилирачко сечило, кружно сечило, ласер, дупчалка со различен дијаметар, сврдел, игла.
- Собирање
Интерактивна и ефикасна процедура за собирање на парчиња по сечењето, со користење на видео-проекција. Различни методи на собирање во зависност од типот на произвдоството.
- Извештаи
Разбирливи извештаи за залиха на кожа, ефикасност на сечењето, потрошувачка, мини-маркери, извештаи за квалитет на производство.
Системска конфигурација – од 10 до 1000 парчиња кожа на ден, го имаме решението.
Системот може да се конфигурира за било која количина на производство, од потребите на мали работилници каде само неколку парчиња кожа се сечат на ден, па се до големи фабрики каде се сечат стотици парчиња кожа секој ден.
ОСНОВЕН СИСТЕМ: СИТЕ ОПЕРАЦИИ СЕ ИЗВЕДУВААТ НА СЕКАЧОТ
Компактна конфигурација која ги нуди сите карактеристики на голем систем: скенирање на кожа, автоматско вгнездување, собирање и извештаи. Сите операции се изведуваат директно на масата на секачот, на многу брз и ефикасен начин. Секачот е соодветен за работилници и мали фабрики, до 50 парчиња кожа на ден.
СРЕДЕН СИСТЕМ: НА ЛЕНТА
За да се зголеми продуктивноста, процесот е поделен во 3 чекори:
- Скенирање на кожа и вгнездување;
- сечење;
- собирање.
Но овие три чекори се изведуваат директно на машината: подвижна лента ја движи кожата од една фаза во друга, на непрекинат и ефикасен начин. Овие поставки се препорачани за средно големи фабрики, кои сечат до 200 парчиња кожа на ден.
КАТАЛОГ
Превземи