ДИГИТАЛИЗАТОР НА ФОТОГРАФИИ

Целата работа завршете ја со еден клик.  Приказ на целосната слика на моделот, автоматска екстракција и пренесување во CAD системи. Врвна едноставност,  извонредна брзина и максимална компатибилност со Lectra, Gerber, Assyst, Investronica, Gemini формати.

Снимете ја сликата

Не губете време со сместување на шаблоните на специјални дигитализирани површини, нивно исправање со селотејп или други временски интензивни методи. Само потсредете ја вашата обична работна маса, оставете ги шаблоните на неа и вклучете го компјутерот. Со само ЕДЕН едноставен клик, камерата автоматски ја снима сликата на моделот и ја пренесува во компјутерот. Сликата автоматски се процесира и шаблоните се екстрахираат за само неколку секунди. Паметна и едноставна процедура за калибрирање е неопходно да се направи само еднаш, кога прв пат го инсталирате системот, која нуди прифатлива прецизност од помалку од 0.7 mm.

Контрола и Менување

Брзо и лесно разгледајте ги резултатите од автоматското дигитализирање со користење на функцијата Contour Play. Измерете го растојанието и периметралната контура, проверете и променете ги внатрешните елементи на обликот на кривите доколку е потребно, додадете или избришете било кој елемент, внесете имиња на деловите, се во еден единствен прозорец. Готово! Едноставните за користење функции за зумирање и навигација и специјалниот поглед за зголемување ги ви ги олеснат секојдневните активности и ќе ја зголемат ефикасноста на работата.

 

 

Зачувајте ги шаблоните

 

Зачувајте ги шаблоните директно во основниот формат на вашиот CAD систем. Без разлика на CAD системот кој го користите, дигитализаторот на фотографии ќе биде компатибилен со него (видете ја листата подолу). Системот ќе ги запамти зачуваните поставки (локација, формат, и слично), за да може да пристапите до шаблоните директно во вашиот CAD систем со само еден клик.

 

 

КОИ CAD СИСТЕМИ СЕ КОМПАТИБИЛНИ СО ДИГИТАЛИЗАТОРОТ НА ФОТОГРАФИИ?

 

Дигитализаторот на фотографии може да ги сними шаблонтие во основниот оригинален формат на системите Lectra, Gerber, Investronica, Assyst, Gemini. Исто така, шаблоните може да се експортираат до било кои други апликации кои го користат стандардниот dxf aama формат, дополнителни тестирања се направени со FK, TetraCad, Optitex, Wearcad, Konsan, Tukatech, PolyPattern, Richpeace, Novocut, Vetigraph, Consult+, Astor, AGMS, Julivi, Moda 01 и други системи.

 

 

КАКО ДА ГО ИНСТАЛИРАТЕ ДИГИТАЛИЗАТОРОТ НА ФОТОГРАФИИ?

 

Системот за дигитализација на фотографии може да се постави на различни конфигурации, во зависност од поставеноста во вашата канцеларија. Наједноставниот начин е да ја користите вашата секојдневна работна маса како површина за дигитализирање. Ова решение ќе ви зачува многу време бидејќи воопшто нема да има потреба да ги поправате шаблоните, само ги оставате на маса и ги дигитализирате. За ова решение камерата може да биде поставена директно на таванот во собата, или со користење на обичен држач за камера. Исто така, можете да го користите и ѕидот како површина за дигитализација доколку немате слободна маса, за таа цел камерата можете да ја наместите на обичен држач. Дополнително, може да се користи скенер за специјални технички апликации кои бараат висока прецизност.

 

 

КОИ ЕЛЕМЕНТИ НА ШАБЛОНИТЕ ЌЕ БИДАТ ЕКСТРАХИРАНИ АВТОМАТСКИ?

 

Дигитализаторот на фотографии може автоматски да ги екстрахира контурите на шаблонот, со користење на прецизни Bezier криви, може да идентификува рабови и да ги означи како референтни точки, може да идентификува различни типови на засеци (означени или исечени), внатрешни точки и линии. По конвенција, најдолгата внатрешна линија ќе биде декларирана како зрнеста оска. Кога шаблонот се креира во канцеларија, корисно е да се почитуваат одредени стандардни процедури за означување и избегнување на рачно прилагодување на дигитализираните резултати.