Ја проектира формата на ткаенината, и по нејзиното позиционирање автоматски ја сече каде што сакате.
Вгнездување и сечење потпомогнато од проекција
Дефинитивно, ништо не може да биде поедноставно од оваа технологија. Vision CUT го прави тоа што го кажува името: го гледате обликот проектиран над ткаенината, го преместувате каде што сакате, и ткаенинате ќе биде исечена во тој облик токму таму. Технологијата позади овој процес е многу едноставна, за чија имплементација беше потребен огромен иновативен напор.
Каде се применува оваа технологија?
Спојување на ленти и карирани квадратчиња
VisionCUT е одговорот за многу прецизно спојување на шаблони, но главно поради компензирање на проблемите кои произлегуваат од различни агли и закосување предизвикани од распространување на ткаенината или квалитетот на ткаенината.
Рециклирање на нерегуларни материјали
VisionCUT го намалува трошењето на скапи материјали како на пример композитни материјали или метал. Може да ги искористи сите остатоци од претходните сечења, и да смести помали делови точно да ја пополнат преостанатата површина.